За белиот гулаб. Нега, потекло и одгледување

Потекнува од расата поштари (писмоносци) гулаби. Има бело, меко и нежно перје, со полно и темно око, кое зрачи љубов и позитивна енергија. Секој гулаб е обележан со прстен на едната нога, на кој се означени уникатниот број и годината на раѓање.

Лета на кратки релации до 300 км, како и на средни дистанци до 500 км. Одгледуван е и чуван во посебни услови, со голема посветеност, грижа и внимание. Престојува во чист и редовно проветрен гулабник, а се храни со квалитетна витаминско-минерална храна.

Се спроведува редовно третирање и прочистување од внатрешни и надворешни паразити, како и редовно вакцинирање и ревакцинирање на годишно ниво против болести. Гулабите имаат секојдневни тренинзи, со цел стекнување и одржување на добра кондиција и ориентација на поголеми далечини од својот дом и гулабник.

Нивниот поглед и нивната песна зрачат позитивна енергија, со весел и спокоен дух што симболизира мир, љубов, среќа и благосостојба.