За Бели Гулаби
Нашата визија е да создадеме свет каде белите гулаби ги збогатуваат најважните моменти со љубов, мир и позитивна енергија. Белите гулаби ги одгледуваме од најрана возраст и секојдневно работиме со нив за да развијат доверба, смирено однесување и навика за контакт со луѓето. Со оваа постојана грижа, нашите белите гулаби стануваат сигурни, смирени и подготвени да ги збогатат најважните моменти со својата убавина и симболика. Нашите прекрасни бели гулаби летаат слободно секој ден и се обучени безбедно да се вратат дома по пуштањето.
Потекло, чување и нега на белиот гулаб
Нашите бели гулаби потекнуваат од расата поштари (писмоносци). Се одликуваат со меко бело перје и темно, полно око кое зрачи мир и позитивна енергија. Секој гулаб е обележан со прстен со број и година на раѓање.
Лета на кратки дистанци до 300 км и средни до 500 км. Одгледуван е во чист и проветрен гулабник, со квалитетна витаминско-минерална исхрана, редовна здравствена грижа и секојдневни тренинзи за одржување на кондицијата.
Белиот гулаб и неговата симболика
Белите гулаби се универзален симбол на љубов, мир и нови почетоци. Тие не прават разлика меѓу вера, култура, боја на кожа или националност, носејќи порака на еднаквост, хармонија и позитивна енергија. Гулабите се познати по тоа што формираат пар за цел живот, што ги прави симбол на верност, искрена љубов и посветеност. Токму поради ова, белите гулаби се неизоставен дел од свадбените церемонии. Пуштањето бели гулаби симболизира нова животна фаза, надеж и почеток исполнет со позитивна енергија. Тие претставуваат отворање на нови врати и благослов за иднината.
